Данската кралица Маргарет Втора, која ја обедини и модернизираше данската монархија, викендов ја прославува педесетгодишнината од стапувањето на тронот, но одбележувањето ќе биде нешто поскромно поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Осумдесет и двегодишната кралица, позната по својот уметнички талент, страсно пушење и сива пунџа, е првата жена на данскиот трон.
Таа е вториот монарх со најдолг стаж во данската историја, а по смртта на Елизабета Втора, нејзина далечна роднина, сега е и европски монарх со најдолг стаж.
Маргарет Втора се искачи на тронот во 1972 година кога поддршката за данското кралско семејство беше во опаѓање, но за време на нејзиното долго владеење таа придонесе за враќање на угледот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.