На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се тврди дека се наоѓа лидерот на Вагнер Евгениј Пригожин, наводно снимен во Белорусија.
Поради тоаполскиот безбедносен комитет одлучи да премести воени трупи на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, изјави денеска секретарот на комитетот Збигњев Хофман, јави државната новинска агенција ПАП.
Во видео објавено во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Тој им рекол дека засега нема да учествува во украинската војна, но им наредил да се засилат за Африка додека ја обучуваат белоруската војска.
Белоруското Министерство за одбрана вчера соопшти дека платениците на Вагнер почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на само неколку километри од границата со Полска, членка на НАТО.
– Обуката или заедничките вежби на белоруската армија и групата Вагнер несомнено се провокација, изјави Хофман за ПАП.
– Комитетот ги анализираше можните закани, како што е дислокација на единиците на групата Вагнер. Затоа, министерот за одбрана и претседателот на комитетот Мариуш Блашчак одлучија да ги преместат нашите воени формации од запад кон исток на Полска, додаде тој.
Жителите кои живеат во близина на полско-белоруската граница вчера изјавија дека слушнале пукотници и хеликоптери откако руските платеници пристигнале да ги обучуваат белоруските специјални сили. Тоа го зголеми стравот на населението дека војната во Украина ќе дојде до нив.
Блашчак претходно месецов изјави дека Полска почнала да преместува повеќе од 1.000 војници на истокот на земјата, а Варшава на почетокот на месецов соопшти дека ќе испрати 500 полицајци на границата со Белорусија за да ја зајакне безбедноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.