Рамзан Кадиров, лидерот на рускиот регион Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата изјави дека отпатувал во Украина за да се сретне со чеченските војници кои го напаѓаат Киев.

Ројтерс не можеше независно да потврди дали тој веќе бил во Украина или патувал таму за време на конфликтот.

Чеченскиот телевизиски канал Грозни објави видео на својот канал на социјалната мрежа Телеграм на кое се гледа дека Кадиров во затемнета просторија разговара со чеченските војници за воената операција за која рекоа дека се случила на 7 километри од главниот град на Украина.

Подоцна Кадиров се исмејуваше со друга објава која фрла сомнеж дали тој патувал во регионот на Киев.

„Зошто „дали“ сум таму? Не го видовте ли видеото, напиша Кадиров на својот официјален профил на Телеграм.

Кадиров, кој често се опишува себеси како „војникот“ на Путин, објави видео снимки од тешко вооружени чеченски трупи во регионот на Киев како дел од руската инвазивна сила.

Тој постојано беше обвинет од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија за кршење на правата, што тој го негира.

Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, главно муслимански регион во јужна Русија, по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Но, оттогаш вложи огромни суми пари во регионот за да го обнови и му даде на Кадиров голема автономија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.