Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од 2008 година, откако САД соопштија дека разговараат за потенцијално ембарго на руските испораки со своите сојузници. Суровата нафта „брент“ – глобалниот репер за нафта – се искачи над 139 долари за барел во азиската трговија, пред да се намали на под 130 долари.
Пазарите на енергија беа потресени во последните денови поради стравувањата за снабдување предизвикани од руската инвазија врз Украина. Потрошувачите веќе го чувствуваат влијанието на повисоките трошоци за енергија бидејќи скокаат цените на горивата и сметките за домаќинствата, јави Би-Би-Си.
И Македонија е погодена од ова. Цената на горивата достигнуваат маскимум па може да се очекува на следната седница Регулаторната комисија да објави ново зголемување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.