Буркина Фасо побара заминување на француските војници од нејзината територија во рок од еден месец, се наведува во писмото на властите што го објавија француски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.
Во тоа писмо од Министерството за надворешни работи на Буркина Фасо упатено до Париз и датирано од среда, Уагадугу „целосно го осудува и става крај на договорот” од 17 декември 2018 година во врска со статусот на француските вооружени сили кои интервенираат во таа земја.
Понатаму наведуваат дека со тој договор се наложува „отказен рок од еден месец”.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека чека „појаснувања” од новиот шеф на хунтата на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре.
На прес-конференција во Париз, Макрон рече дека пораката од Буркина Фасо е „збунувачка”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.