Змјите од БРИКС подготвуваат платформа за плаќања во дигитални национални валути, најави рускиот заменик министерот за финансии, Иван Чебесков.

Министерот објасни дека се подготвува платформата „BRICS Bridge“ за пресметки во национални валути, вклучително и дигитални. Тој истакна дека системот ќе овозможи директни трансакции меѓу земјите и ќе го намали влијанието на западните санкции.

Уште во март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства (ДФА) за меѓународни трансакции. ДФА се дигитални налози на записи, обврзници и капитал издадени преку блокчејн.

Според експертите, плаќањето во дигитални средства треба да го олесни плаќањето на стоки и услуги меѓу земјите во развој. Тие исто така веруваат дека тест трансакции со користење на дигитални национални валути може да се очекуваат веќе во 2025 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.