Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи Украина да и го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.
– Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение, истакна Лула.
На крајот на јануари Лула излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.
Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина.
Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.