Бразилската снајперистка, Талита до Вале (39) загинала во борба за време на бомбардирање во војната во Украина, каде што се борела во редовите на Меѓународната легија.

Како што потврдуваат нејзини роднини, До Вале загинала заедно со својот сонародник Даглас Буриго во украинскиот град Харков, откако бункерот во кој биле засолнети бил погоден од бомбардирање.

До Вале, која во младоста била манекенка, учествувала во борбите на курдските единици Пешмерга против Исламската држава во регионот на Ирачки Курдистан, за кои раскажа на нејзините социјални мрежи и нејзиниот канал на Јутјуб.

Во Сирија до Вале добила обука за елитен снајперист.

До Вале пристигнала во Украина пред само три недели, а последен пат комуницирал со своите роднини на 27 јуни, според кажувањето на неговиот брат.

Кога разговаравме на телефон сакав да знам сè, но таа кажа дека не може многу да зборува бидејќи телефонските разговори ги следат руски дронови. Таа се јави само за да не извести дека е добро – вели нејзиниот брат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.