Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека не ја поддржува идејата за целосна забрана за издавање визи за Русите.

-Тоа е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа мерки во овој поглед, други нема да го поддржат. Мислам дека не е добра идеја да им се забрани влез во ЕУ на сите Руси. Треба да бидеме поселективни – рече Борел на почетокот на дебатата за иднината на Европа во Сантандер, Шпанија.

Тој вели дека не треба да им се дозволи влез во ЕУ на најголемите руски бизнисмени, но дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат земјата и кои не се подготвени да бидат таму во таква ситуација“.

-Не можеме да им ја затвориме вратата на овие Руси. Мислам дека тоа не е добра идеја – рече Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.