Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска.
Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот на 10 години.
Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Комитетот на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина Сергеј Курченко.
Украинските медиуми претходно овој месец објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, на кој, меѓу другите, се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешна украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.