Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека патот кон создавање палестинска држава е најдобриот начин за стабилизирање на Блискиот Исток и изолација на Иран и неговите сојузници.

-Доколку тргнеме по тој пат, тоа е најдобриот можен начин да се изолира и маргинализира Иран и неговите сојузници кои предизвикуваат толку многу проблеми,  за нас и за речиси секоја друга земја во регионот, изјави Блинкен по состанокот со египетскиот претседател Фатах ел Сиси во Каиро, пренесуваат британските медиуми.

Посетата на Блинкен на Каиро доаѓа само еден ден откако Египет и Јордан предупредија дека воената акција на Израел, во која загинаа повеќе од 23.000 Палестинци, не смее да доведе до раселување на повеќе од два милиона лица од Појасот Газа или до израелска окупација на областа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.