Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во 16 часот и 30 минути ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти Стејт департментот.

Блинкен денеска се сретна со највисокиот функционер за надворешна политика на Кинеската комунистичка партија, Ванг Ји, за време на неговата прва посета на Пекинг од 2018 година. По разговорите, Ји рече дека Кина и САД мора да изберат помеѓу „соработка и конфликт“ и дека неговата земја нема да прави компромиси со Тајван.

Неопходно е да се направи избор меѓу дијалог и конфронтација, соработка и конфликт“, му рекол на својот соговорник Ванг Ји, висок дипломатски функционер на Кинеската Комунистичка партија (ККП), објави кинеската државна телевизија CCTV.

Се очекуваше и средба меѓу Блинкен и Кси, но ниту една страна не потврди дека тоа ќе се случи до еден час пред разговорот.

Асошиетед прес наведува дека одбивањето на кинескиот лидер да се сретне со американски дипломат би сигнализирало недостаток на напори за обновување и одржување на односите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.