Сеизмичките сигнали забележани во Буковина, Романија, 620 километри оддалечена од Нова Каховка, укажуваат дека во 2:54 часот по локално време во вторникот се случила експлозија.

Норсар, норвешкиот сеизмички строј што ги анализирал сигналите, вели дека времето и локацијата се совпаѓаат со уривањето на браната.

Освен тоа, само многу големо количество експлозив можело да го произведе сигналот откриен на околу 600 километри подалеку, вели дописникот на Би-би-си.

Од самиот почеток, Украина ја обвинува Русија за разнесувањето на браната.

Сега, домашната безбедносна служба на Украина (СБУ) објави снимка од, како што велат, телефонски разговор меѓу двајца неименувани руски воени лица, во кој се разговара за тоа дека Русија е одговорна за разнесувањето на браната. На снимката, која Би-би-си не можело да ја потврди, се вели дека е одговорна руска диверзантска група, но дека експлозијата отишла подалеку од очекуваното.

„Окупаторите сакаа да ја уценуваат Украина“, велат од СБУ, „со разнесување на браната и оркестрирање вештачка катастрофа на југот на нашата земја“.

Москва негира дека е виновна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа го нарече чин на „саботажа“ што би го лишил од вода полуостровот Крим – област анектирана од Русија во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.