Рускиот милионер Игор Кудрјаков (64) е пронајден мртов во својот стан во Москва. Кудрјаков основал услуга за испорака на храна и други стоки во главниот град на Русија.  Компанијата подоцна ја купил производителот на додатоци во исхраната ВИП Груп, а Кудрјаков заработил 15 милиони долари како дел од зделката.

Подоцна, тој работеше како прв заменик-шеф на Одделот за Државниот инспекторат за домување на Московскиот регион. На телото немало траги на насилство и дека тој долго време се борел со ракот. – Игор Кудрјаков е пронајден мртов во неговиот стан на плоштадот Кудрински во областа Преснјен во Москва.

Според прелиминарните податоци, причина за смртта на бизнисменот е онколошка болест – јави ТАСС. Според британскиот портал Сан, олигархот е последниот во низата пријатели на рускиот претседател Владимир Путин кои загинале или биле повредени од почетокот на војната во Украина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.