Белгиски воени пилоти заминуваат за Данска, каде што ќе обучуваат украински пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на белгиското Министерство за одбрана.
Планирано е во Данска да се испратат два белгиски борбени авиони, како и вкупно околу 50 вработени во белгиското Министерство за војна. Украинската војска ќе биде обучена и за одржување на авионите што се очекува да ги користи против руската инвазија на нивната земја, се наведува во соопштението.
Белгија е дел од таканаречената „Коалиција Ф-16“ на земји кои ќе обезбедуваат ваков тип ловци на украинските сили за нивните идни дејствија во одбивањето на напаѓачот. Данска, Холандија и Соединетите Држави ја водат заедничката мисија за обука на украинските воздухопловци. Обуки ќе се одвиваат и во Романија, Велика Британија и САД.
Се очекува Украина да добие ловци произведени помеѓу 1980 и 1990 година. Досега шест украински пилоти се обучени да управуваат со Ф-16, се додава во публикациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.