Белгискиот институт за јавно здравје (Sciensano) денеска прогласи епидемија на грип во таа држава – погодени се сите возрасни групи, но најмногу децата и младите.
Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции и медицински персонал.
Според статистиката на Институтот, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими. Сегашната епидемија на грип е придружена со циркулација на многу други респираторни заболувања, предизвикани од вирусот Ковид-19 или бронхитис.
И бројот на случаи со Ковид – 19 исто така расте, а загриженоста се зголемува поради епидемијата во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.