Банда криминлци упаднале во телевизиско студио во Еквадор, заканувајќи им се на новинарите со бомби, пренесуваат регионалните медиуми. На видеата кои кружат на социјалните медиуми, неколку напаѓачи му вперуваат оружје во глава на еден од водителите на телевизијата, а неколкумина се заложници и лежат на подот.
Во позадина на видеото се слуша бучава и истрели. Се забележуваат мажи со качулки како го напуштаат студиото на ТЦ телевизија, а полицијата влегува во студиото околу 30 минути откако напаѓачите влегле внатре. Единици на Националната полиција на градот Гвајакил биле распоредени на местото на настанот.
Инаку, од прогласувањето на вонредна состојба во Еквадор, најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на криминални банди.
Happening now: an armed group has stormed the studios of state-owned TC Televisión in Ecuador and took hostages during a live broadcast pic.twitter.com/piUcgz7ygo
— Alex Bare (@alexbaretv) January 9, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.