Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со зборовите „блажен е оној кој верува“ ја коментираше изјавата на координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, дека американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека Украина ќе ги „поврати териториите“.

– Нашиот народ вели: „Блажен е оној кој верува“ – рече министерот во интервју во програмата „Москва. Кремљ. Путин“, чиј дел објави новинарот Павел Зарубин на својот Телеграм канал.

Зборувајќи за изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за новата контраофанзива, рускиот министер истакна дека „Зеленски е тешко да се коментира“.

– Тој меѓу другото изјави дека доколку престанат да му помагаат, ќе продолжи да се бори сам. Според мене, се е очигледно – додаде Лавров.

Претходно, координаторот на Белата куќа за стратешки комуникациски прашања, Џон Кирби, изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден се уште верува во можноста Украина да ги врати изгубените територии и покрај неуспешната контраофанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека вооружените сили на Украина ќе продолжат со контраофанзивните обиди во 2023 и 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.