Рејтингот на одобрување на претседателот Џо Бајден е сличен со тој на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но голем е процентот на неодредни гласачи, jaви синоќа Си-ен-ен. Во меѓувреме и двајцата неделава одржаа партиски митинзи.
Резултатите од анкетата се просек од трите последни анкети на Универзитет Квинипек од кои се дознава дека 39 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден додека 38 отсто од нив го одобруваат Трамп. Сепак, 24 проценти укажале дека не одобруваат ниту еден од двата кандидата.
Таа група на неодредени гласачи всушност ќе ги решава разултатите од изборите во ноември 2024 година. Има уште многу време и се уште не се знаел дали Трамп ќе успее да се избори за номинацијата кандидат од Републиканската партија.
Во борбата учествуваат уште четворица пртивкандидати: поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, гувернерот на Флорида Рон Десантис и екс-потпретседателот Мајк Пенс.
Трамп пак вчера во Ајова го предводеше својот најголем кампањски настан, со говор пред илјадници подржувачи.
Тој го искористи митингот за да го нападне својот главен ривал од републиканците, Десантис, затоа што се спротивстави на федералниот мандат за етанол, додаток за обновливи извори на гориво што Ајова ја предводи земјата во производството.
-Горд сум што сум „најпрофи“ фармерскиот претседател што некогаш сте го имале, рече Трамп на почетокот на настанот чија цел беше да се промовира земјоделското досие на неговата администрација и да се брани неговиот надзор над прекршувањето на регулативите за земјоделците.
-Се борев за етанолот од Ајова како ниеден претседател во историјата, рече Трамп.
Ајова е првата држава каде традиционално се одржуваат првичните внатрепартиски избори за претседателски кандидат, како кај републиканците така и кај демократите. Победата во таа држава обично го одредува успехот и во понатамошната трка за избор на кандидат.
Бајден завчера митинг одржа во Јужна Каролина каде даде насоки за успесите на неговата економска политика што тој зачестено ја нарекува „бајденекономија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.