Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев.

Ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има највисок приоритет – изјави Бербок пред самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Дипломатите, како и членовите на нивните семејства, нема да ги повлекува ниту Европската Унија.

Мислам дека не треба да драматизираме – изјави шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел.

Тој смета дека Украина не треба да се остави сама додека траат преговорите со Русија, но признава и дека ситуацијата може да се промени.

Вашингтон претходно најави дека поради тензичната ситуација ќе го намали бројот на вработени во амбасадата во Киев, но дека амбасадата ќе остане отворена.

Велика Британија, исто така, ги повлекува вработените од својата амбасада во Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.