Автобускиот сообраќај повторно се одвива преку мостот на Крим, кој до денеска беше отворен само за автомобили, соопшти руското министерство за транспорт.

Утринава беа обновени автобуските линии во двете насоки. Претходно автобусите користеа траекти. Сега патниците можат да го минуваат Кримскиот мост со автомобил, воз, но и со автобус, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.