Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди дека нејзината докторска дисертација е плагијат.
Инаку, Задиќ ја напишала својата докторска дисертација на тема „транзициска правда во поранешна Југославија“.
Вебер и поранешниот декан на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло многу копирала во таа работа.
Ренер откри дека 85 цитати не биле означени како што треба.
Строго формално, би рекол дека се работи за плагијати на текстови. Оригиналните цитати се речиси целосно преземени, а пар изрази се парафразирани, вели професорот Тејсен.
Вебер вели дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот. Министерката Задиќ во првата реакција рече дека тоа се неосновани и неточни тврдења.
Инаку, Вебер е познат ловец на плагијати, па минатата година ја „собори“ поранешната министерка за труд Кристина Ашбахер.
Откако Вебер изнесе тврдења за плагијат на научна работа, Ашбахер поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.