Во многу европски земји се зголемува бројот на сообраќајни несреќи и жртви. Некои од нив планираат драстични мерки, а сè најмногу се сведува на уште порестриктивни закони. Австрија планира построги мерки против тешките криминалци. Покрај другите казни, возачите ќе останат без своите автомобили.

Австриската министерка за транспорт Леоноре Гевеслер („Зелени“) сака да им ја одземе возачката дозвола, но и возилото доколку драстично ја надминат дозволената брзина. Измената на законот треба да овозможи конфискација на автомобили на лице место, пишува „ХАК“.

Ако возите побрзо од 60 km/h на локални патишта или повеќе од 70 km/h на магистрали или автопати, возилото ќе биде привремено задржано две недели. Во случај на повторени прекршоци, возилото се продава на аукција, при што 70 отсто од приходот оди во фондот за безбедност на патиштата, а 30 отсто на локалните власти. Доколку границата се надмине за повеќе од 80 km/h на локалните патишта, таквата постапка може да се започне веднаш. Погледот во минатото покажува дека новата одредба би била применлива за околу 400 до 450 случаи годишно.

Новиот закон најверојатно ќе стапи на сила кон средината на следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.