Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп играл голф во својот клуб во Вест Палм Бич, Флорида, кога член на неговиот тим за обезбедување забележал „цевка пушка која излегува од оградата“.

Тогаш напаѓачот Рајан Весли Рут, беше откриен на само неколку метри од Трамп.

Ова е втор обид за атентат врз поранешниот американски претседател за само два месеци, а Раут го критикуваше Трамп за неговиот став за војната во Украина. Американските медиуми наведуваат и дека Раут неколку пати ја посетувал Украина, каде сакал да се приклучи на војската како волонтер, но бил одбиен.

Агентот веднаш тргнал по осомничениот напаѓач, кој побегнал со автомобил од местото, но бил запрен и уапсен околу 45 минути подоцна. ФБИ во грмушката каде што се криел пронашла пушка калашников АК-47,  два ранци и GoPro камера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.