Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович изјави дека Украина нема да направи компромис со Русија и оти нема да се откажи од територија.

Единствена опција за помирување е капитулација на Русија, повлекување на трупите и разговор за отштета. Тоа е принципиелниот став на Владата, посочи Арестович.

Тој додаде дека некои држави сакаат повторување на договорот од Минск, со кој безуспешно се обидуваа да стават крај на војната во украинскиот регион Донбас во 2014 година, а други земји ќе се обидат да преговараат.

Нема да има опција во која ќе им дозволиме на Русите да останат овде, посочи Арестович.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.