Американската федерална управа за авијација ФАА предупреди дека некои модели на млазни мотори ЦФ6 на производителот „Џенерсал електрик“ (ГЕ) може да содржат делови со лажни сертификати, притоа барајќи од сопствениците да ги проверат авионите и залихите од резервни делови.

Компанијата „АОГ Техникс“ со седиште во Велика Британија продавала изолатори за моторите ЦГ6 на ГЕ без лиценца, предупреди ФАА.

Производителот на млазни мотори „ЦФМ Интернешнл“ изјави дека „АОГ Техникс“ можеби продала илјадници делови од моторот со фалсификувана документација.

Има сомнежи дека делови за мотори ЦФM56, произведени од „ГЕ-Шафран ЦФM“, и за многу мал број мотори ЦФ6, кои главно се користат за напојување на товарни авиони и се произведени од „Џенерал електрик“, може да се продадени без сертификат.

По првичната проверка, било утврдено дека околу 96 мотори може да содржат делови со фалсификувана документација, соопшти ЦФM.

Метју Рив, адвокат на ЦФM и неговите косопственици „Џенерал електрик“ и „ГЕ-Шафран ЦФM“, во поднесоците во Високиот суд во Лондон изјавил дека досега идентификувале два фалсификувани формулари на ФАА за „стотици“ делови од моторот ЦФ6.

Овој мотор се користи главно од товарни авиони, вклучувајќи го и огромното мнозинство на товарни авиони Боинг 767 и воените авиони за полнење гориво КЦ-767 во флотите на Италија и Јапонија.

Доколку се најдат делови со лажен сертификат во моторите ЦФ6, сопствениците и операторите на авионите мора да ги отстранат и зачуваат, соопшти американскиот регулатор.

Портпаролот на ГЕ изјави дека тие го поддржуваат предупредувањето на ФАА и учествуваат во истрагите на американските и странските регулатори за наводите дека „АОГ Техникс“ продавала делови со фалсификувана документација.

Продолжуваме да работиме со нашите клиенти за да ја процениме автентичноста на документацијата за деловите што пристигнаа од ‘АОГ Техникс’“, изјави портпаролот на американскиот гигант.

Од „АОГ Техникс“ до петокот не одговориле на барањето на агенцијата Ројтерс да ги коментира истрагите.

Адвокатите кои го застапуваат „АОГ Техникс“ и нејзиниот директор, Хозе Замора Ирал, во средата изјавиле дека обвинетите „целосно соработуваат“ со истрагата на Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство (ЦАА).

Во четвртокот, европските регулатори објавија дека ги истражуваат наводите од извештајот дека некои делови испорачани од „АОГ Техникс“ без валидни сертификати биле пронајдени во моторите ЦФM56 вградени во некои авиони на производителите Ербас и Боинг.

Застапниците на „АОГ Техникс“ на судското рочиште не одговориле на наводите за фалсификување документи, бидејќи темата биле процедурални прашања.

По објавувањето, авиокомпаниите сменија делови на десетици авиони. Досегашните измени опфатиле само дел од вкупно 23.000 мотори ЦФM56.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.