Воен авион на американската морнарица се урнаl во пустината Мохаве во југозападна Калифорнија. Пилотот загинал, јавуваат агенциите, повикувајќи се на информации од властите.
Авион Ф/А-18Е „Супер Хорнет“ од поморската воздухопловна база во Лимор се урнал во областа Трона, населба во пустината Мохаве, округот Сан Бернардино, соопшти американската морнарица.
Никој на земјата не е повреден.
Идентитетот на пилотот и детали за падот се уште не се откриени.
Во Лимор се стационирани две воздушни единици на американското воено воздухопловство со вкупно 16 оперативни ескадрили.
Во октомври минатата година, се урна ловец „Супер Хорнет“, овој пат од поморската воздухопловна база на Кинеското езеро. Имаше уште еден таков случај во 2020 година, повторно со авион од овој тип од Лимор. Во овие две несреќи за време на тренинг летови, пилотите усепаја безбедно да се катапултираат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.