Амбасадата на САД во Либан денеска ги повика американските граѓани во земјата „да заминат што е можно поскоро додека се уште има редовни патнички летови“.

Во препораката, испратена до граѓаните преку е-маил, амбасадата посочува дека внимателно ја следи безбедносната ситуација во Либан.

„Препорачуваме американските граѓани кои ќе одлучат да не ја напуштат земјата да подготват планови за вонредни ситуации“, соопшти амбасадата.

На 17 октомври, Стејт департментот издаде совет за патување во кој ги повика своите граѓани да не патуваат во Либан поради „непредвидливата безбедносна ситуација“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.