Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка ѝ е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик”, соопшти денеска новинската агенција „ПАП” по одржаната владина седница. се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна енергија.

„Не треба да се потпираме само врз потврдена технологија, туку и врз потврдени партнери”, ја пренесува агенцијата изјавата на премиерот Матеуш Моравјецки.

Првата нуклеарна централа ќе биде изградена во Лубијатово-Копалино на брегот на Балтичкото Море во Померанското војводство, северозападно од Гдањск. Предвидено е таму да бидат изградени три „AP1000″ реактори, а првиот треба да започне со работа идната година.

„Втората нукеларна централа ќе биде проект на корејски и полски компании“, рече Моравјецки.

Во 1980-тите, во близина на Гдањск започна изградбата на нуклеарна централа со советски дизајн, но таа никогаш не беше завршена поради спротивставување на населението.

Термоцентралите на јаглен денеска обезбедуваат околу 70 проценти од националните потреби за електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.