Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.
Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.
Ова беше прв пат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја.
Првите случаи на мистериозни заболувања беа пријавени во ноември. Оттогаш, стотици ученички биле лекувани во болници низ целата земја.
Речиси исклучиво биле погодени училишта за девојчиња. Родителите и роднините се лути особено затоа што сè уште нема официјално објаснување.
Владата на Иран верува дека девојчињата се намерно отруени, можеби од групи кои се спротивставуваат на образованието на девојчињата.
Лекарите сугерираат дека некој вид токсичен гас може да биде извор на нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.