Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС.
Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 март.
Оваа препорака е последица на проценките дека нивните авиони може да бидат запленети или блокирани во странство.
Европската унија, Велика Британија, САД и некои други земји ќе го затворат својот воздушен простор на почетокот на следната недела како дел од пакетот санкции воведени поради инвазијата на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.