Европската унија (ЕУ) се радува на соработка со новиот црногорски претседател, како и со сите политички актери во Црна Гора, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Петер Стано.

-Очекуваме соработка со новиот претседател и сите релевантни државници во Црна Гора со цел да и помогнеме да остане на европскиот пат, да се изгради консензус за клучни приоритети што треба да се исполнат во текот на процесот на интеграција, а кои се потребни за земја да оди напред, рече Стано.

Стано на прес-конференција во Брисел изјави дека е многу важно Црна Гора да се фокусира на сите проблеми и прашања од владеењето на правото и тоа на начин пропишан од Европската комисија, пренесува порталот РТЦГ.

Тој додаде дека ЕУ е подготвена да ја поддржи Црна Гора и да продолжи да и помага на патот кон Унијата бидејќи тоа го сака мнозинството луѓе во Црна Гора.

-Во тој контекст, политичката стабилност во земјата е клучот за продолжување на патот кон ЕУ, рече Стано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.