Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Оваа групација е сопственост на Драган Шолак, контроверзниот српски тајкун кој неодамна го купи премиерлигашот Саутемптон.

Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години.

Групацијата ја прошири понудата на услуги во Грција за уште 3,4 милиони корисници, со што бројот на корисници на Јунајтед во таа земја се зголеми на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони на сите пазари на кои работи. Јунајтед со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.