Ентони Хопкинс е човек полн со елан, енергија и животна радост. На 86-годишна возраст, тој го започнува денот со танцување, а неговиот спонтан танц се споделува на социјалните мрежи како позитивна мантра.
Ви ги пренесуваме најмудрите совети на Ентони Хопкинс:
1. Откако ги засакав моите родители, браќа и сестри, мојата сопруга, децата и пријателите, конечно почнав да се сакам себеси.
2. Сфатив дека не сум Атлас. Светот не лежи на мојот грб.
3. Им оставам на келнерите поголем бакшиш. Дополнителните пари им измамуваат насмевка на лицето. Купувам работи од занаетчии, бидејќи тие дале сè од себе за да ги направат тие прекрасни предмети. Тие многу потешко заработуваат за живот од мене.
4. Престанав да им кажувам на постарите луѓе дека повеќепати ја раскажале истата приказна. Историјата ги тера да пешачат по патеката на сеќавањата и да го преживуваат своето минато.
5. Научив да не ги поправам луѓето, дури и кога знам дека не се во право. Товарот сè да биде совршено не е мој. Светот е повреден од совршенството.
6. Давам комплименти слободно и великодушно. Комплиментите не го развеселуваат само тој што ги добива, туку и мене. И совет за примачите, никогаш не одбивајте комплимент, само кажете „благодарам“.
7. Научив да ги игнорирам диплите и дамките на кошулата. Карактерот зборува повеќе од изгледот.
8. Ги оставам луѓето кои не ме ценат. Тие можеби не знаат колку вредам, но јас знам.
9. Останувам смирен кога некој игра „валкано“ за да ме победи во трка на стаорци. Јас не сум стаорец и тоа не е моја трка.
10. Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават човек.
11. Научив дека подобро е да го отфрлам моето его отколку да ја прекинам врската со некого. Поради моето его ќе бидам изолиран и осамен, додека во добра врска, никогаш нема да бидам сам.
12. Научив да живеам како секој ден да ми е последен. На крајот на краиштата, тој навистина би можел да ми биде последен.
13. Го правам тоа што ме прави среќен. Јас сум одговорен за мојата среќа и си ја должам себеси.
14. Ослободувајте го сето тоа што го носите во себе: несовршеностите, мракот, светлината, сè. Тоа значи дека живеете исполнет живот.
15. Немам време да жалам. Треба да ги прифатиме луѓето такви какви што се. Јас се прифатив себеси каков што сум, а не каков што треба да бидам, бидејќи тоа би било лага. Јас сум грешник, стар грешник. Но си простувам себеси и продолжувам понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.