Социјалистичката партија на Македонија оценува дека изјавата на кандидатот за претседател Бујар Османи дека целта на Европскиот фронт е Рамковниот договор да го претвори во политичко движење е смешна илузија.

Османи заборава дека после 23 години и внесување на одредбите од Рамковниот во Уставот на Македонија овој договор е завршен и исполнет.

Повторното отварање на потрошениот рамковен значи воено поттикнување за повторно да се преговара и да се измени карактерот на државата според мерила и интересите на ДУИ и Османи.

Времето на ДУИ поминува, останаа криминалите и корупцијата што ги направија, што ги прави некредибилна партија и несоодветно е нивното залагање за власт и за политички манипулации во државата. Османи се залага за губење на македонскиот идентитет и за прифаќање на бугарските империјални барања против македонизмот.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ваквите идеи на ДУИ поддржани од СДС се уште еден начин за измена на унитарниот карактер на државата и градење на систем во кој, како до сега, малцинството ќе управува со мнозинството, додека апатридниот СДС има обврска за сериозно објаснување пред македонскиот народ за антимакедонските политики.

Тоа македонскиот народ нема да го прифати и нема да го дозволи, а на изборите ќе се потврдат македонските интереси и европските стремежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.