Момче од Скопје правело проблеми во угостителски објект во Центар, поради што било приведено во полициска станица.
На 13 јануари 2023 во 19.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле М.Ж.(23) од Скопје затоа што во угостителски објект на ул.„Пролет“ се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот. Притоа, кај него биле пронајдени два боксирачи, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.