Возила паркирани на улица, тротоари блокирани – тоа е секојдневната слика на улуцата Јуруј Гагарин во Скопје. Жителите се жалат дека нема никаква прегледност. Велат полицијата одминува и не реагира.
-Хаос е во овој дел од градот. Паркирани возила на улица, непрегледност. Некокупати е побарана интервенција од полиција, но бадијала, никој ништо не прави. Нема соработка со надлежните институции.Неодамна дете ќе прегазеа на улица. Алармираме, но никој нема слух за проблемот – вели жител во зградата број 21 на улицата Јуриј Гагарин.
Жителите раскажуваат дека поради паркираните возила е непрегледно и небезбедно. Деца истрчуваат на улица а возачите не можат да ги забележат од автомобилите кои се непрописно оставени. Секое чкрипење на кочници за нив е стрес.
-Ова е проблем што трае. До неодамна имаше поставено огледало, кое колку-толку помагаше при вклучување од споредната улица. Огледалото веќе го нема. Првиот ден откако СДСМ ги изгуби изборите во Карпош огледалото го снема, го украдоа. Сега нема никаква прегледност – велат жителите.
Тие бараат надлежните навреме да реагираат, пред да настане некоја посериозна незгода. Велат после доцна е. Да се спречи пред да настане.
-Алармираме да се направи нешто, да не се чека да се случи некоја трагедија. После свадба тапани не ни требаат. Кај нас се оди така, прво нека се случи, после ќе реагираме. Зарем е потребно нечиј живот да згасне тука за полицијата да сфати дека работата е сериозна – запрашуваат жителите од овој дел на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.