Поради асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел во периодот од 9 до 17 ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно тој ќе се пренасочува преку скопската обиколница, за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“-Скопје, ќе се асфалтира коловозната површина на улицата во насока од крстосницата со улицата „Боца Иванова“ до улицата „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел”, потег кој завршува до улицата „Нов Живот“, во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.