Жители на скопско Дебар маало, во општината Центар реагираат на социјалните мрежи дека во напуштена барака со основото училиште „Коле Неделковски“ живее човек со тешко  психичко растројство кој претставува опасност за сите, посебно за децата, но дека и покрај пријавите во надлежните институции, никој не реагира.

Дали надлежните од општина Центар знаат дека во напуштената барака, на 16 јули се всели Орце Се***от, човек кој е со психичко растројство, психијатриско-клиничка слика, дебело досие во полиција, сексуален злоставник на многу малолетни деца, тежок алкохоличар, едноставно, непресметлива личност, и ден-денес брка деца со нож низ улициве во Дебар маало??? Бараката се наоѓа веднаш до ОУ „Коле Неделковски“, школскиот двор е лепенка до бараката, се вели во објавата на фејсбук.

Жителите на овој дел од Скопје прашуваат дали е потребно некој да настрада за да се реши проблемот.

Дали ќе чекаме да настрада некое дете, или ќе реагира некој надлежен орган? Реагирајте со време, да не биде доцна! Очигледно ќе се случи некоја трагедија, а некој од нас, возрасните, ќе лежи во затвор!, се вели во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.