Музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски се одржа денеска на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.

Настапија актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.

Организатор на настанот „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ е Општина Центар и годинашното одбележување е потенцирање на љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.