Утринава избувна пожар во казино во Ѓорче Петров, по што реагираа шест противпожарни возила.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски им се заблагодари на пожарникарите и полицајците за брзата реакција.
– Сакам да искажнам голема благодарност до Пожарна Ѓорче Петров, Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) и полициската станица Ѓорче Петров за брзата реакција во гаснењето на пожарот кој денес ги зафати објектите во централното подрачје на општина Ѓорче Петров. Вие сте нашите херои, напиша Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.