Сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, утре од 10 часот ќе бидат затворени за сообраќај поради одбележување на Бадник, известува Министерството за внатрешни работи.

– Утре (06.01.2023) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот, па се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св.Климент Охридски“ и тоа од објектот на „Пошта на РСМ“ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму велат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.