ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка Бара кон обиколница во должина од 300 метри деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 12.04.2023 година (среда) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во (четврток) на 13.04.2023 година во истиот временски период на другата спротивна насока.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.