Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи утре, 18 ноемри (сабота) од 11 до 12 часот.

Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа).

Родителите велат дека ова е општ сенароден мирен протест на кој секој може да даде поддршка на сите родители чии деца учат во ООУ „Његош“ и секој е поканет да им се приклучи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.