По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од асоцијацијата.

Истовремено Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.