Денес на седницата на советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала Општина Бутел, објави на својот фејсбук профил градоначалникот Дарко Костовски.
Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
Уредување на речното корито на Река Серава
Реконструкција и ревитализација на локални улици
Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
Изградба на нови спортско рекреативни центри во сите населени места
Нови детски игралишта
Нови спортски игралишта
Нов пешачки и пристапни патеки
Поддршка на спортски клубови
Спортски стипендии
Субвенционирање на кровови и фасади
Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
Финансии за културни и спортски настани
Во овој буџет предвиени се средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2023 година ќе биде година на развој, на многу нови проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.