В.Д. директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, Зухејр Реџепи во објава на Фејсбук страната на претпријатието извести дека поради здравствени причини поднесува оставка на функцијата.
Поради здравствени предизвици денеска си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и Зеленило“. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција, пишува Реџепи во објавата.
Реџепи, кој е дел на незадоволната група на ДУИ, беше назначен на функцијата лани во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.