ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека вчера, при сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала, биле комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри.
По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр. 49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 кубен метар, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата „Владимир Полежиновски“, во општината Центар.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, соопштуваат од претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.