Основци од основното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка, беа дел од работилници од лего турнејата „Градење со лего коцки: Еко градови на иднината“ во организација на Здружението „Еко-логик“.

Нашите ученици од второ и четврто одделение низ повеќе работилници се едуцираа за целите на Обединетите Нации за одржлив развој, преку дизајнирање урбана средина, претставена со помош на лего коцки. Обликуваа разни пејзажи, архитектура по креација на ученикот, создавајќи блиска конекција на човекот со природата. Овие работилници се многу интересни и корисни за учениците и придонесуваат за развивање на еколошката свест, како и пронаоѓање и примена на еколошки решенија во секојдневниот живот, примена на соларни панели, ветерници, велосипедски патеки, паркови и цветни градини. Низ игра и забава, децата доаѓаат до идејни решенија за чиста и здрава животна средина, информираше Живка Стоилковска, наставник во училиштето.

Заедно со наставничката Маре Анѓеловска, додаде таа, работеле со учениците од најмала возраст да развиваат еко-свест и да се поттикнуваат на размислување како да применуваат еколошки решенија во секојдневниот живот за зачувување на планетата Земја.

Лего турнејата е дел од едукацијата на „Еко-логик“ за целите за одржлив развој, што ја имплементираат во партнерство со четири организации, во чиишто рамки се подготвени наставна програма и прирачник насловени „Градење со лего коцки: Еко градови на иднината“, наменети за училиштата и учениците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.