Случајот со Екрем Јаји од Арачиново го објавува уште во 2020 година кога станав дополнителен заменик технички министер. Само што ме назначија на позицијата ветив дека ќе работам во интерес на сите земјоделци, без разлика на нивната национална, етичка или политичка припадност. Кога го примив Екрем во министерството и кога разговаравме ми беше кажано дека само што слушнал од телевизија дека има нов министер решил да дојде директно во Скопје да побара помош. Разговаравме и ми беше кажано дека чека исплата на оштета на уништен овоштарник со околу 600 дрва од 2016та година, бидејќи тогашниот а и сегашен министер Љупчо Николовски одбивал да ја исплати оштетата, и директно го малтретирале шетајќи го по институции, за на крајот да побараат да извади партиска книшка од СДСМ ако сака да ја добие оштетата која што законски му следува, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напиша дека од целосната документација која му била приложена од страна на Екрем, увидел дека документацијата е комплетна со записник од Државниот инспекторат за земјоделство каде што е констатирано дека навистина е уништен неговиот овошен насад.

– Екрем е само еден пример дека институциите во Република Македонија под водство на власта на СДСМ, Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски не функционираат. Апелирав да се исплати оштетата и парите да стигнат до Екрем и неговото семејство, укажувајќи дека земјоделието им е единствена егзистенција. Но, што се случи по неколку години? Се сменија неколку министри, а Екрем се уште талка по институции… Па така пред само два прочитав дека се уште не се исплатени парите од 2016та година. Замислете цели 6 години измачениот Екрем моли да му се исплати оштета од 2016та година. Како што видов Екрем им се придружил на земјоделците од Преспа кои протестираа бидејќи Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски го клекнаа земјоделието на колена. Министерот Николовски во краток одговор за истиот портал кој објави за случајот на Екрем, изјавил дека во вторник е усвоен извештајот за штетите во Арачиново предизвикани од поплавите во 2016та година, и уверува дека жителите на Арачиново ќе го добијат својот надомест на штета. Не потврдува, туку уверува, што значи дека како и за се друго, така и за ова ќе излаже. Еве каде е вторник Љупчо, ајде да видиме. Љупчо Николовски нема ниту срам, ниту трошка човечност и грев за овие луѓе? Ова е потценување на трудот и маката на земјоделците, луѓето кои произведуваат храна за сите граѓани во државата и надвор да се прехранат се соочуваат со беда и сиромаштија, и се само поради неспособноста на Љупчо Николовски. Јавно го прашувам Николовски, зошто се уште не е исплатена оштетата на Екрем? Како може Министерството и Николовски, да делат грант на фирмите на Заеви во вредност од 1.4 милиони евра, а не можат да исплатат оштета за уништен овоштарник? Љупчо ти не ја разбираш маката на земјоделците, ти не знаеш што значи да работиш на плус 40 степени, ниту пак што значи да сврзуваш крај со крај, појасни Трипуновски.

Тој посочи дека доаѓа крајот на ова понижување и изживување со земјоделците.

– Тогаш, јас те уверувам и тебе и сите околу тебе Љупчо кои се поигруваа со маката на земјоделците ќе одговарате, и за Екрем и за сите други земјоделци, додаде Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.